Со самиот пристап на интернет страницата на https://www.oglasisp.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. https://www.oglasisp.mk ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

https://www.oglasisp.mk ќе ги користи личните податоци на своите корисници во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни правилници изработени и важечки врз основа на овој закон и другите закони на Република Северна Македонија. Друштвото за видео и филмска продукција “ПРВА ПРОДУКЦИЈА” Д.О.О.Е.Л. Скопје, со седиште на улица “Ристо Шишков” бр.20,  Скопје и ЕМБС 5098092, нема овозможи да се објавуваат личните податоци пред било која  трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот/корисникот на услугата гарантира за точноста на внесените податоци. https://www.oglasisp.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

https://www.oglasisp.mk односно Друштвото за видео и филмска продукција “ПРВА ПРОДУКЦИЈА” Д.О.О.Е.Л. Скопје, ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. https://www.oglasisp.mk за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Со реализација на нарачката на услугата и вршење на уплатата на саканата услуга , се смета дека е склучен договор помеѓу https://www.oglasisp.mk и потрошувачот/нарачателот на услугата.

Испорачувањето на услугата и бараната објава на оглас  и слично, оди софтверски и автоматски и ќе биде спроведена од страна на https://www.oglasisp.mk според прецизно наведените барање на нарачателот на услугата .

4. ПОЛИТИКА НА ЦЕНИ И НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Услугите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата https://www.oglasisp.mk. Плаќањето на услугите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

5. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

https://www.oglasisp.mk ќе врши поврат на средствата на купувачот/нарачувачот на услугата, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање или емаил и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

https://www.oglasisp.mk има право да не ги врати паричните средства на нарачателот доколку утврди дека услугата била испорачана онака како што побарал нарачателот според неговите потреби и наведени барања и преференци.

Откако системот ќе изврши објава на бараниот оглас, ве молиме проверете го огласот и доколку има извесни грешки во него и/или не е во согласност со вашите преференци и вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на броевите: +389 2 5511 763 или 072 229 255, или пак да ни испратите имејл со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресатa [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите измена во огласот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од извршената објава на огласот. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

6. ПОЛИТИКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

  • https://www.oglasisp.mk им овозможува на корисниците целосна контрола врз нивните податоци, вклучувајќи кои податоци се задржуваат и кои податоци се бришат.
  • Крајните корисници можат да побараат да се избришат сите или дел од нивните податоци со испраќање е-маил на [email protected] Откако барањето ќе биде одобрено, администраторот на страната https://www.oglasisp.mk ќе ги избрише податоците.
  • Корисниците на претпријатијата можат да бараат бришење на податоците за сите или некои од нивните корисници. Барањето може да се иницира со испраќање е-пошта на [email protected] со детали за барањето за бришење податоци (тип на податоци што треба да се избришат, корисниците што треба да ги избришат, временската рамка на бришење итн.).